Top Sport

Алардајс го напушти Лидс

Сем Алардајс, не успеа да го спаси Лидс јунајтед од испаѓање и по само четири натпревари го напушти клубот. Лидс јунајтед наредната сезона ќе игра во Чемпионшип.

Донесен како спасител, Алардајс на четирите натпревари освои само еден бод. Треба да се признае дека Лидс во финишот на сеозната имаа исклучително тежок распоред.

„Беше задоволство да го водам Лидс, голем клуб со неверојатни навивачи, кој заслужува да биде во Премиер лигата. Во овој момент од мојата кариера, не сум сигурен дека сакам предизвик кој е потенцијално долгорочен проект, но на Лидс му посакувам се најдобро и секако брзо враќање во елитата, каде што припаѓа“, рече 68. годишниот Алардајс.

Scroll to Top