Top Sport

Јунајтед ќе преговара со Челси за Маунт

Раководството на Манчестер јунајтед оваа недела официјално ќе разговара со колегите од Челзи околу трансферот на Мејсон Маунт, објавија денеска британските медиуми.

Како што објави „Скај спорт“, внатрешните дискусии за потенцијална понуда продолжуваат, а Маунт е еден од неколкуте играчи од средниот ред кои Јунајтед сака да го донесе во летниот преоден рок.

Претходно англиските медиуми објавија дека Маунт со Јунајтед ги договорил личните услови.

Договорот на Манут со Челзи истекува во јуни 2024 година.

Маунт е дете на Челси, помина низ клупската академија, а во текот на кариерата играше како позајмен во Витесе и Дерби Каунти.

За Челзи одигра 195 натпревари и постигна 33 гола. Со „сините“ ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

За репрезентацијата на Англија има одиграно 36 натпревари и постигнато пет гола.

Scroll to Top