Top Sport

Аларм во ПСЖ, поразот од Баерн е трет по ред за тимот на Галтие

Францускиот првак Пари Сен Жермен загуби од Баерн Минхен со 0:1 на „Паркот на принцовите“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа е трет последовен пораз за „светците“ во сите натпреварувања. Претходните два беа од Олимпик Марсеј во Купот на Франција (1:2) и од Монако во лигата (1:3).

Тимот на Кристоф Галтие повторно доби многу критики за својот настап. Фудбалерите на ПСЖ беа непрепознатливи пред паузата и не упатија удар во рамките на голот на противникот во текот на целото прво полувреме. Тоа последен пат на меч од Лигата на шампионите им се случи на мечот против Манчестер Сити во 2016 година, кога исто така доживеаја пораз од 1-0.

Парижаните последен пат загубија три меча во серија во 2020 година. И тогаш негативната серија опфати натпревари со Баерн Минхен и со Олимпик Марсеј.

Scroll to Top