Top Sport

(ВИДЕО) Серхио Рамос нападна фоторепортер по поразот од Баерн

Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос, нападна фоторепортер по мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Поранешниот шпански репрезентативец насилно, со двете раце го оттурна фотографот кој, како што може да се види на видеото, ненамерно го вознемири.

ПСЖ загуби од Баерн Минхен со 0:1 на „Паркот на принцовите“. Германскиот тим во пресрет на реваншот има предност за пласман во следната рунда од ЛШ.

Договорот на Серхио Рамос со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а тој изјави дека се уште не знае дали ќе го продолжи.

Scroll to Top