Тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Леванте влезе во лоша серија на три натпревари без победа, откако на тешкото гостување во Баскија загуби со 2:0 од одличните Депортиво Алавес.
Виктор Лагвардија им донесе водство на шестопласираните Алавес по 23 минути игра по убавата реакција по изведен корнер, за Џони да го потврди триумфот во 93. минута од мечот.
Барди влезе во игра во 60. минуа за Леванте, кои сега се на 14. место на табелата со 27 поени.
Фото: ЕПА