Top Sport

Неверојатно – нов пожар во бразилски клуб, двајца фудбалери повредени!

Во понеделникот избил пожар на тренинг-центар каде што тренирал бразилскиот фудбалски клуб Бангу од Рио де Жанеиро, по што двајца фудбалери завршиле во болница откако го вдишале чадот, но за среќа, немало посериозни повреди.

Инцидентот се случува само три дена откако 10 младински фудбалери на Фламенго починаа, а тројца други беа повредени откако нивното сместување во Рио беше опожарено.

Бангу, еден од најстарите и најтрадиционалните клубови во Рио, тренирале во воениот спортски центар кога почнал пожарот. Според локалните медиуми тој бргу бил ставен под контрола, но двајца фудбалери завршиле во болница.

Телевизијата „ТВ Глобо“ јавува дека причината за пожарот е расипана „клима“, истата причина поради која почна пожарот кај Фламенго, кои немале дозвола за користење на тренинг-центарот. Сите момчиња кои го загубија животот имаа од 14 до 16 години и се надеваа дека ќе станат професионални фудбалери.

Десет загинати во пожарот, во тренинг центарот на Фламенго

Scroll to Top