По Серхио Бускетс, уште еден сенатор од соблекувалната на Барселона ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Барселона се обидува да се ослободи од договорот на Џорди Алба.
Според информациите од Каталонија, Барса е подготвена спогодбено да го раскине договорот со Алба, доколку тој добие задоволнителна понуда. Во тој случај Барселона би го пуштила Алба да замине како слободен играч.
Наводно, постои опција за Атлетико Мадрид, кој со задоволство би го довел искусниот дефанзивец наместо Серхио Регуилон, кој нема да биде откупен од Тотенхем. Атлетико и минатото лето беа заинтересирани за Алба.
Сепак, Атлетико не е единствената опција за Алба, бидејќи ситуацијата будно ја следат Јувентус и Интер, кои се во финансиски проблеми, а играч за кого не би морале да платат оштета би бил идеална опција.
Во сезоната 2023/24 Алба ќе има најголема можна плата поради претходното „простување“, односно тогашниот претседател Џосеп Бартомеу го убеди да му биде исплатена поголема сума пари во последната година од договорот, кога ќе помине кризата што ја предизвика ковид пандемијата. Таа сума е голем товар за буџетот на Барселона, поради што клубот бара алтернативно решение.
Опцијата Алба да остане е можна само доколку прифати значително намалување на платата.