Top Sport

Алба Карилјо бара објаснување од Куртоа: Тој ми направи масакр

Шпанскиот модел и ТВ-водител, Алба Карилјо бара објаснување од голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој јавно изјави дека тие двајца никогаш нема да бидат заедно. Карилјо го обвини белгискиот голман за „хаосот кој се случува“ и за „крвав масакр“ во медиумите, откако Куртоа изјави дека „не сме двојка и никогаш нема да бидеме“.

Карилјо вел дека била „многу среќна“ што се запознала со Куртоа, но дека била бесна по изјавите на 26-годишниот Белгиецот.

„Си заминувам на одредено време бидејќи ми се случи вистински крвав масакр. Фудбалските фанови и медиумите без милост ме нападнаа. Се надевам дека Т.Куртоа ќе ја објасни причината за неговите зборови кои предизвикаа голема омраза кон мене“, напиша Карилјо на Инстаграм.

Куртоа претходно изјави дека се сретнал со Карилјо само двапати и дека нема шанси да бидат заедно. 32-годишната Карилјо од 2015 до 2017 година беше во брак со тениската ѕвезда Фелисијано Лопез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by albacarrillooficial (@albacarrillooficial) on

Нов клуб, нова девојка за Тибо Куртоа

Scroll to Top