„Сагата“ околу краткотрајната врска помеѓу шпанската водителка Алба Карилјо и голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа продолжува, откако таа луто реагираше на неговите коментари дадени за шпанските медиуми.
Куртоа на радиото „Онда серо“ изјави дека „се оддалечил“ од Карилјо и дека се фокусира на фудбалот. Водителката одговори со безобразен пост.
„Твојот шлиц е многу отворен. Го бранев овој човек доволно. Ако веќе имаш две деца пази каде го ставаш пенисот бидејќи јас нема да внимавам на тоа“, изјави Карилјо.
Алба Карилјо бара објаснување од Куртоа: Тој ми направи масакр