Барселона синоќа во Дортмунд избегна пораз од Борусија, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Добра вест за Барселона е што Лионел Меси ги одигра првите минути во новата сезона, а лоша е повредата на Жорди Алба.
Левиот бек на Барселона одигра 40 минути на „Вестфален“, а потоа поради повреда му го отстапи своето место на Серхио Роберто.
Алба го повредил бутниот мускул на левата нога. Од клубот нема информација колку време ќе отсуствува левиот бек, додека медиумите пишуваат дека тој најмалку две недели ќе биде надвор од тимот.
Барселона во летниот преоден рок го донесоа Жуниор Фирпо од Бетис како алтернатива за Алба. Проблем за тренерот Ернесто Валверде е што и тој беше повреден, поради што и не беше во комбинација за натпреварот во Дортмунд.