Албанскиот премиер Еди Рама даде интересна изјава за борбата против корона вирусот, велејќи дека државите мораат да бидат подготвени како легендарниот тим на Милан под водство на Ариго Саки.
Албанија, како и сите земји во Европа, се бори со корона вирусот со 212 случаи досега, и со 10 починати.
„Никогаш никој не победил со одбрана. Морате да нападнете, ова е тврд противник, мораме да бидеме како Милан на Ариго Саки. Сите се бранат и сите напаѓаат. Ако не играме како тим, ќе загубиме. Не сме богата земја, но мораме да покажеме дека ќе помогнеме на тие на кои им е потребно како на Италија. Денеска сите сме Италијанци“, вели Рама во интервју за италијанскиот весник „Ла стампа“.