Top Sport

Албертини: Дајте му време на Монтела

Легендата на Милан, Деметрио Албертини инсистира дека на тренерот на „росонерите“ му е потребно време да го состави тимот, и додаде дека Интер не го импресионирале и покрај победата во неделното дерби.

Албертини, кој имаше над 400 настапи за Милан од 1998 до 2002 година, освојувајќи пет скудета и три титули од Лигата на шампионите, не се согласува со критичарите на Монтела по 3:2 поразот во градското дерби.

„Тој е поставен под лупа поради неговите резултати, но има многу нови играчи кои прво треба да бидат интегрирани во тимот. Тоа нема да е лесно. Бонучи мора да се адаптира на промената и да ја искористи својата харизма. Поразите болат сигурно. Дербито беше прекрасно, полно со емоции. Интер не ме импресионираа, но ги имаат поените. Во Серија А мораш да имаш баланс. Јувентус и Наполи се поквалитетни во моментов и ќе биде интересно да се следи трката за титулата“, вели Албертини.

Scroll to Top