Top Sport

Зидан: Хери Кејн е комплетен фудбалер

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го пофали голгетерот на Тотенхем, Хери Кејн како „комплетен фудбалер“ пред пресметката на двата тима во Лигата на шампиони во вторник.

Зидан не сакаше да одговара на шпекулациите дека тимот е заинтересиран да го донесе 24-годишниот Кејн, кој има 15 гола во последните 11 натпревари. Претходно, Реал Мадрид успеа да ги донесе Лука Модриќ и Герет Бејл од Тотенхем на „Сантијаго Бернабеу“.

„Не знам што ќе се случи во иднина, но засега тој стана многу важен фудбалер, клучен човек во тимот. Тој е добар во речиси сè. Секогаш оди кон голот и напаѓа многу брзо. Тој е комплетен фудбалер, иако на почетокот не изгледаше дека е така“, вели Зидан.

Кејн има пет гола во ЛШ во двата натпревари против Борусија Дортмунд и АПОЕЛ Никозија, но на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде многу потешко.

Scroll to Top