Top Sport

Алберто Закерони пренесен во клиника на интензивна нега по семејна несреќа

Поранешниот тренер на Милан, Интер, Јувентус, Лацио и селектор на јапонската репрезентација, Алберто Закерони, се наоѓа на интензивна нега во клиника откако загубил свест по семејна несреќа.

Тој се пензионираше во 2019 година, а во својата богата тренерска кариера имаше можност да работи во Јапонија, Кина и во Обединетите Арапски Емирати.

Според италијанските медиуми, Закерони бил во својата куќа кога ненадејно паднал и удрил со главата на подот откако загубил свест.

Брзата помош многу брзо пристигнала на местото на настанот и веднаш го пренела во клиниката „Маурицио Буфалини“ во Чезена.

Првично му е дијагностициран потрес на мозокот и тешки повреди на главата, а допрва ќе следат детални испитувања.

Scroll to Top