Top Sport

Алегри: Ако ни е ова меч на сезоната тогаш имаме сериозни проблеми

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, пред реваншот со Атлетико Мадрид, не сакал да одговара на прашањата поврзани со неговата иднина, кои стана многу актуелни откако Зинедин Зидан се врати во Реал.

„Нема да говорам за својата иднина. Сега не е вистинското време. Исто така, константно ги повторувате истите прашања“, рекол Алегри.

Тренерот на Јувентус сака да се насочи само кон реваншот со Атлетико, во кој неговиот тим влегува со 0:2 од гостувањето во Мадрид. Сепак тој не се согласува со констатациите дека овој меч на Јувентус ќе му ја одреди сезоната.

„Атлетико Мадрид е меѓу најдобрите екипи во Европа, во врвот се веќе десет години. Ова е осмина-финале, што значи дека имаме проблем доколку кажеме дека ова најважниот меч во сезоната. Дури и доколку поминеме во следната рунда се уште не сме освоиле ништо. Мораме да бидеме мирни и да одиме чекор по чекор. Доколку направиме пресврт тоа ќе биде неверојатно достигнување. Потоа ќе размислуваме за четврт-финалето или за тоа како да направиме сезоната да биде успешна“, рекол Алегри.

Натпреврот во Торино ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top