На Манчестер Јунајтед кој од декември 2018 години е предводен од Оле Гунар Солскјер не му „цветаат рози“ сезонава.
Тимот од „Олд Трафорд“ моментно е на 12 место на табелата во Премиерлигата, со дури 15 бода помалку од лидерот Ливерпул.
Фудбалската јавност на Островот веќе почна да шпекулира со промена на клупата на „црвените ѓаволи“.
Како еден од кандидатите евентуален наследник на Солскјер се споменува Масимилијано Алегри кој е без работа по напуштањето на кормилото на Јувентус со кој освои 5 трофеи во низа во Серија А.
Според информациите кои стигнуваат од Англија, Алегри е расположен да го преземе кормилото под еден услов – тоа да се случи во рок од неколку седмици.
Информациите се дека овој став Алегри му го соопштил и на потпретседателот на клубот, Еди Вудворд, па сега челниците на Јунајтед се на потег.