По фуриозните критики кои ги упати Антонио Конте кон „слабата“ управа на Интер, велејќи дека не успеале да го заштитат него и неговите соиграчи, италијанските медиуми тврдат дека „нераѕурите“ веќе го „пикирале“ Макс Алегри како негова замена.
И покрај второто место зад Јувентус со еден поен разлика, Конте беше бесен на третманот кој го добил од клубот, и иако е тешко да се очекува дека Интер му подготвува отказ, многу поверојатна е можноста темпераментниот Конте сам да си замине доколку не му се дадат доволни уверувања за засилувања ова лето.
Според „Спорт медијасет“, ако се случи ова, тој веднаш би бил заменет со човекот кој го замени и во Јувентус во 2014, Масимилијано Алегри, кој остана слободен тренер по крајот на договорот со Јувентус ова лето. Алегри освои пет титули во низа со Јувентус по трите на Конте, и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите.