Top Sport

Алегри: Јувентус сега се тим од средината на табелата

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека фудбалерите и навивачите треба да ја прифатат реалноста дека во моментов не се подобар тим од Хелас Верона и дека мора да останат скромни и да се борат за секој поен.

По поразот од Сасуоло, за „бјанконерите“ следуваше нов студен туш со 2:1 поразот од Верона, клуб кој сега е пред нив на табелата бидејќи двата клуба имаат по 15 поени, но Хелас има подобра гол-разлика.

„Зборовите сега се безначајни. Се наоѓаме во тешка ситуација, мораме да ја прифатиме реалноста дека сега сме тим од средина на табелата. Можеме да излеземе од оваа ситуација со малку повеќе посветеност и квалитет. Ќе се извлечкаме некако од оваа ситуација, нема поента да се сожалуваме, тоа нема да помогне“, вели Алегри за „ДАЗН“.

Јувентус имаат примено 15 гола по 11 кола во Серија А, што е нивни најлош дефанзивен скор од сезоната 1961/62.

„Ова е добар тим, но работите не одат така лесно во фудбалот. Треба да реагираме со гордост и посветеност. Моравме да играме како тим кој има еден поен, а сега мораме да играме како тим кој има 15 поени. Ако го носиш дресот на Јувентус не значи дека ќе ги победуваш тие од средината на табелата“, додава Алегри.

Симеоне и Тудор ги „осудија“ Јуве на нов пораз!

Scroll to Top