Top Sport

Алегри: Како да бев во блендер, сега ми е потребна година одмор

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека ќе паузира една година за да ги „наполни батериите“ и да го доведе личниот живот во ред, откако се раздели со „старата дама“.

Алегри освои пет титули во низа во Серија А со Јувентус, како и два трофеи од Копа Италија и две финалиња од Лигата на шампионите, и според шпекулациите веќе доби понуди од Челси, Милан, Арсенал и Тотенхем, но реши дека е подобро малку да одмори.

„Ќе земам година одмор да ги наполнам батериите и да го доведам личниот живот во ред, по толку години љубов која ми ја пружаше моето семејство, децата и пријателите. Во последните 16 години како да бев во блендер. Морате да најдете време и за семејството и за пријателите. Затоа е потребна една година одмор“, потврди Алегри.

Scroll to Top