Top Sport

Франција, Русија и Португалија на ЕП, Црногорците ќе се „судрат“ со Украина

Русија стигна до лесна 30:23 победа над Италија во претпоследното коло на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, за да го обезбедат второто место зад Унгарија во групата 6 и да се пласираат на шампионатот.

Првпат од 2006 година, на собирот на најдобрите европски репрезентации ќе биде и Португалија, кои заедно со Франција го обезбедија пласманот по петтото коло и 24:19 победата на гости кај Романија.

Португалците, кои сензационално ги победија Французите на домашен терен во квалификациите, беа предводени од Педро Портела, кој имаше седум гола за осигурување на барем второто место, откако Франција со 37:17 доминираше на гости кај Литванија.

Црногорците пак, обезбедија домашна „мајсторка“ против Украина во последното коло, откако не дозволија уште едно изненадување и победија со 24:21 на гостувањето кај Фарските Острови, репрезентација која дома не успеаја да ја победат одигрувајќи нерешено.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА 4

Естонија – Холандија 27:33 (13:16)

Табела: 1.Словенија 8, 2.Летонија 8, 3.Холандија 4, 4.Естонија 0

ГРУПА 6

Романија – Португалија 19:24 (12:11)

Литванија – Франција 17:37 (9:19)

Табела: 1.Франција 8, 2.Португалија 8, 3.Романија 2, 4.Литванија 2

ГРУПА 7

Италија – Русија 23:30 (10:14)

Табела: 1.Унгарија 9, 2.Русија 7, 3.Италија 4, 4.Словачка 0

ГРУПА 8

Фарски Острови – Црна Гора 21:24 (9:11)

Табела: 1.Данска 8, 2.Украина 6, 3.Црна Гора 5, 4.Фарски Острови 1

Scroll to Top