Масимилијано Алегри најави дека ќе остане во Јувентус, но сега доаѓаат сосема поинакви вести од Апенините. Тој наводно е блиску до преземање на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, откако Лучијано Спалети, кој го врати скудетото на Неапол по 33 години, одлучи да замине
Оваа информација ја објави „Калчомеркато“, а наводно на негово доаѓање најмногу инсистира контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Што се однесува до Алегри, ова му е втор мандат на клупата на Јувентус и досега има водено 105 натпревари од мај 2021 година.
Претходно тој беше на клупата на оваа екипа од 2014 до 2019 година, а петпати беше шампион на Италија, четири пати го освојуваше Купот и двапати Суперкупот на оваа земја.
Освен Јувентус, во кариерата ги водеше Милан, Калјари, Сасуоло, Леко, Гросето, СПАЛ и Аљанезе.