Top Sport

Икарди доаѓа во Рома како замена за Ејбрахам?

Поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди, е меѓу опциите да го замени повредениот Тами Ejбрахам во Рома.

Се очекува Ejбрахам да паузира најмалку осум месеци. Англискиот репрезентативец го повреди коленото на последниот натпревар на гигантот Рома во Серија А во сезоната против Специја во неделата. Тој ќе биде опериран и опоравувањето на играчот ќе трае до крајот на годината.

Раководството на Рома беше подготвено да ги слушне понудите за поранешниот играч на Челси, но неговата повреда значи дека Тами Ејбрахам ќе остане во Рим уште една сезона, а ќе треба да се доведе и негова замена.

Scroll to Top