Top Sport

Алегри: Не беше лесно да се загуби Роналдо на три дена пред крајот на преодниот рок

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри пред утрешното финале на Копа Италија против Интер признава дека неговиот тим имал проблеми со заминувањето на Кристијано Роналдо на почетокот на сезоната.

Алегри се врати во Торино за да го замени Андреа Пирло по разочарувачката сезона, но тимот имаше лош почеток на сезоната, губејќи темпо со лидерите во Серија А и губејќи ги шансите за враќање на скудетото.

„Имавме ош старт, но стигнавме до важен резултат, бидејќи е многу важно постојано да сме во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да го подобриме тимот и да се обидеме одново на почетокот на сезоната. Сите знаете дека не беше лесно да се види Роналдо како заминува на три дена пред крајот на преодниот рок. Исто така морав да се запознаам со тимот. Потоа го загубивме Федерико Киеза. Но, од друга страна ја подобривме формата, клубот ни помогна со носење на Душан Влаховиќ во јануари. Следната сезона повторно целта е скудето, но би било убаво да се победи утре и сезоната да се заврши со трофеј“, вели Алегри.

Scroll to Top