Top Sport

Еуро 2024 ќе почне во Минхен, а ќе заврши во Берлин

Финалето на Европското првенство во 2024 година ќе се оддржи на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, додека првиот меч ќе се одигра на „Алијанц арената“ во Минхен, потврди извршниот комитет на УЕФА.

Сите мечеви ќе се играат во Германија во три „кластери“ на градови, а групите ќе бидат поделени на два од овие „кластери“. Северниот „кластер“ е Берлин, Хамбург и Лајпциг, западниот е Дортмунд, Диселдорф, Гелзенкирхен, Франкфурт и Келн, додека јужниот е Франкфурт, Минхен и Штутгарт. Турнирот со 32 репрезентации ќе се отвори на 14 јуни, а ќе заврши на 14 јули.

Германија веќе беше домаќин на Европското првенство во 1988 (како Западна Германија), а беше и организатор на Светските првенства во фудбал во 1974 и 2006 година.

Scroll to Top