Top Sport

Алегри: Не би рекол дека ова е дебакл

Со поразот од Бенфика во Лигата на шампионите, Јувентус остана без шанси да се пласира во осмина-финалето, во елитното натпреварување. Сепак, тренерот Масимилијано Алегри не се согласува дека клубот доживеал дебакл.

„Ова не би го нарекол дебакл. Порази има и во фудбалот. Жал ни е и бесни сме. Пристапот беше повеќе од погрешен. Влеговме премногу меко во одбраната. Охрабрува што тимот го заврши натпреварот на добар начин, што значи дека физички сме добро подготвени. Мора да продолжиме да работиме“, изјави Алегри.

Јувентус сега ќе с еобиде да избори пласман во Лига Европа.

„Првиот дел од сезоната секако не е добар за нас. Ние сме надвор од Лигата на шампионите, заостануваме во Серија А и мора да реагираме. Мора да се фокусираме на лигата и на натпреварот против Пари Сен Жермен за да обезбедиме пласман во Лига Европа. Имаше многу грешки, глупаво е да се навраќам на нив, но би ги пофалил помладите играчи. Сите играа со ментална енергија и техника која ни беше потребна во тој дел од играта“, заклучи тренерот на Јувентус.

Scroll to Top