Top Sport

Два шпански тима се пред елиминација од ЛШ

Европската фудбалска среда носи голем број важни и потенцијално интересни дуели.
Поради звучноста на имињата, големината и трофејната традиција на Баерн и Барселона, нивниот дуел во Шпанија привлекува поголемо внимание од другите седум натпревари во Лигата на шампионите.

Во различно расположение Барса и Баерн ќе влезат во меѓусебната пресметка, во Ц групата. Баерн со максимални 12 поени веќе е во осмина-финалето, додека на Барса и е потребно чудо за пласман во наредната рунда. Барселона треба да победи и да чека кикс на Интер против Викторија Плзен.

Доколку Интер слави притив шампионот на Чешка ќе обезбеди место во нокаут-фазата и во исто време ќе ја испрати Барселона во Лига Европа.

Табела, Група Ц:

Баерн 12, Интер 7, Барселона 4, Викторија 0.

Во групата А работите се јасни. Наполи со максимален учинок од четири победи веќе се пласираше во осмина-финалето, па сега единствено прашање е дали ќе ја потврдат лидерската позиција. Наполитанците се апсолутни фаворити Глазгов Ренџерс.

Дерби во оваа група е пресметката во Амстердам помеѓу Ајакс и Ливерпул. Јирген Клоп и неговите играчи доколку не загубат и теоретски ќе обезбедат место меѓу најдобрите 16.

Табела, Група А:

Наполи 12, Ливерпул 9, Ајакс 3, Ренџерс 0.

Односот на силите е интересен и во групата Б, каде Бриж (10) ги изненади и воодушеви сите со тоа што обезбеди пласман во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. Во случајот со белгискиот состав, единствената дилема е дали тие ќе останат на врвот на табелата. Тие ќе бидат победници во групата доколку останат непоразени против Порто додека португалскиот претставник ќе им се придружи доколку биде победник, а Атлетико остане со празни раце против Баер Леверкузен.

Табела, Група Б:

Бриж 10, Порто 6, Атлетико 4, Баер Леверкузен 3.

Најголема гужва и неизвесност има во групата Д, каде никој не е безбеден и мирен, но не е отпишан од кругот на кандидати за Топ 16 во пресрет на последните 180 минути.

Тотенхем може да обезбеди пласман понатаму, под услов да го победи Спортинг на својот стадион. Марсеј има шанса да профитира ако победи против Ајнтрахт во Франкфурт, а Англичаните го совладаат Спортинг.

Португалците можат д наредната рунда доколку го победат Тотенхем, а Ајнтрахт и Марсеј одиграат нерешено.

Табела, Група Д:

Тотенхем 7, Марсеј 6, Спортинг 6, Ајнтрахт 4.

Програмата во ЛШ од 18:45 часот ќе ја отворат Интер и Викторија Плзен, односно Бриж и Порто.

Scroll to Top