Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри, им одговорил на англиските медиуми за пишувањата дека наскор ќе стане менаџер на Манчестер Јунајтед.
Јасно е дека Оле Гунар Солскјер нема уште долг да биде тренер на „црвените ѓаволи“, а според шпекулациите него ќе го наследи токму Алегри кој неколку месеци е без работа откако се раздели со Јувентус по завршувањето на сезоната.
Вчера англиските медиуми пишуваа дека челниците на Јунајтед веќе имале средба со Алегри и дека тој договорил годишна плата од 7,5 милиони евра.
„Не зборувам добро англиски, но учам…“, рекол 52 годишниот тренер.