Top Sport

Федерер наредната година ќе игра на Ролан Гарос

Роџер Федерер потврдил дека наредната година ќе игра во Париз, на Ролан Гарос. Швајцарецот открил каков ќе му биде распоредот пред Олимписките игри во Токио.

Легендарниот Швајцарец оваа година по пауза од четири години повторно настапи на Ролан Гарос. Тој стигна до полу-финалето каде беше поразен од Рафаел Надал.

Тој потврдил дека наредната година повторно планира да игра на турнирите на земјана подлога.

„Ќе играм на Ролан Гарос. Веројатно пред Париз нема да играм на многу турнири, бидејќи планирам да играм и на Олимписките игри“, рекол Федерер.

„Во распоредот ќе бидат Ролан Гарос, Хале, Вимблдон, Олимписките игри и веројатно Синсинати и Ју-Ес опен“.

Одлуката да игра на Ролан Гарос беше протолкувана како негова желба да се прости од публиката во Париз.

„Кога сте здрави, а јас сум здрав, тогаш сакате да играте на турнирите“, рекол Швајцарецот со што ги отфрлил коментарите дека наредната година ќе се пензионира.

Роџер Федерер има една титула на Ролан Гарос, во 2009 година в финалето тој го победи Робин Содерлинг.

Scroll to Top