Top Sport

Алегри: Нема да заминам по овој пораз

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, по честитките што ги упатил до ривалите од Ајакс, рекол дека нема намера да го напушти клубот само поради тоа што неговиот тим ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.

Јувентус синоќа беа елиминирани во четврт-финалето во Лигата на шампионте од Ајакс, иако по првиот меч во Амстердам резултатот беше 1:1. Во реваншот Јувентус имаа предност 1:0, а потоа играчите направоја пресврт и славеа 1:2.

„Го заслужија ова, им честитам. Не заборавајте дека пред неколку години овој тим играше во финалето во Лига Европа. Игравме добро во првото и мал дел од второто полувреме, потоа во нашите редови се вовлече стравот. Во екипата имамме млади играчи кои немаат искуство во вакви натпревари. Во оваа фаза одлучуваат детали. Од трите гола што ги примивме во двата натпревари, два беа наши подароци“, рекол Алегри.

Ниту Кристијано Роналдо не и помогна на „старата дама“ оваа сезона, да стигне до трофејот во Лигата на шампионите, на кој во Торино чекаат од 1996 година.

„Не може Роналдо сам да реши се. Тој многу даде за тимот во текот на сезоната, ни помогна да стигнеме до четврт-финалето, но во оваа фаза ти се потребни сите играчи. За да ја освоиш ЛШ мораш да бидеш во вистинска форма во вистинско време, да немаш проблеми со повредени играчи и многу други работи“.

На новинарско прашање дали ќе остане во Јувентус, Алегри рекол.

„Му кажав на претседателот дека ќе останам. Ќе седнеме да разговараме и ќе ги испланираме наредните чекори“.

Scroll to Top