Top Sport

Солскјер: Разликата меѓу Јунајтед и Барса e во неколку класи, Меси е врвот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солксјер вели дека обидот на неговиот тим да направи „чудо“ на „Ноу Камп“ и да ја победи Барселона потврди само поради Лионел Меси.

„Морам да кажам дека Лионел Меси е фудбалер од врвен квалитет и тој беше разликата вечерва за нас. По 2:0, мечот беше готов за нас. Тој е во различна класа, заедно со Кристијано Роналдо се најдобрите фудбалери во последната деценија и сите се согласуваат тоа. Меси го покажа своето“, вели Солксјер за „БТ спорт“.

Околу коментарите дека токму овој меч ја покажал разликата во класа на Барселона и Манчестер јунајтед, Солксјер делумно се согласува.

„Мораме да имаме амбиција да стигнеме на нивото на Барселона. Можеме да дојдеме таму, но не чека работа. Сакаме да го вратиме вистинското ниво на Ман јунајтед, вистинските традиции, и за такво нешто мораме да предизвикуваме клубови како Барселона. Тие беа неколку нивоа над нас во двата меча. Сакаме и следната година да играме во ЛШ и сега не очекуваат важни мечеви да го оствариме тоа. Нема поента да размислуваме што можеше да биде“, вели Солксјер.

Scroll to Top