Top Sport

Алегри останува на чело на шампионскиот Јувентус

Масимилијано Алегри се согласил да продолжи како тренер на Јувентус и ги презентирал плановите за иднината на клубот по состанокот со бордот на италијанскиот шампион.

50-годишниот Алегри беше поврзуван со преселба во Арсенал и Челси, но сега е јасно дека останува во Торино по состанокот со директорот на клубот, Бепе Марота. Од неговото именување, Јуве освои четири титули од Серија А, четири од Копа Италија, а играше и во финалињата на Лигата на шампиони во 2015 и 2017 година.

Алегри веќе има договор до 2020 година, така што во планот е да се продолжи со успехот во Италија, но и да се оди на напад на Лигата на шампиони, која Јувентус ја нема освоено од 1996 година. Првото засилување на Алегри ќе биде германскиот интернационалец Емре Џан од Ливерпул.

„Треба искрено да ги гледаме работите и да ја процениме нашата ситуација. Да ги намалиме грешките и да работиме кон целта и постојано да го подобруваме тимот“, изјави Алегри.

Фото: ЕПА

Scroll to Top