Top Sport

Сампаоли го пречкртал Икарди

Аргентинскиот селектор, Хорхе Сампаоли, во текот на денот се очекува да го објави конечниот список на играчи што ќе патуваат за Русија на светското првенство. Според медиумските шпекулации, на тој список го нема Мауро Икарди од Интер, чие име се најде на оној поширо список од 35 фудбалери.

На цела Аргентина и е јасно дека причините поради кои Икарди не е во репрезентацијата немаат врска со фудбалот. Поради „гревовите“ од минатото, Икарди, не е омилен кај своите колеги, а најмногу кај најдобриот Лионел меси.

Покрај Икарди, како што пренесувата аргентинските медиуми, од спиското отпаднал и играчот на Рома, Диего Пероти.

Списокот на Сампаоли што го објавија медиумите во Аргентина:

Голман: Серхио Ромеро (Манчестер јунајтед), Вили Кабаљеро (Челси), Франко Армани (Ривер Плата)

Одбрана: Хавиер Маскерано (Хебеи), Габриел Меркадо (Севилја), Николас Отаменди (Манчестер сити), Федерико Фацио (Рома), Маркос Рохо (Манчестер јунајтед), Николас Таљафико (Ајакс), Крстијан Ансалди (Торино)

Среден ред: Едуардо Салвио (Бенфика), Маркос Акуња (Спортинг Лисабон), Лукас Билја (Милан), Евер Банега (Севилја), Џовани Ло Селсо (ПСЖ), Мануел Лансини (Вест хем), Анхел ди Марија (ПСЖ), Максимилијано Меса (Индепендиенте)

Напад: Паоло Дибала (Јувентус), Серхио Агуеро (Манчестер сити), Гонзало Игуаин (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Кристијан Павон (Бока јуниорс).

Аргентина во Русија се наоѓа во Д-групата заедно со Исланд, Нигерија и Хрватска.

Scroll to Top