Top Sport

Алегри преговара со Рома, а чека повик од Реал Мадрид

Италијанските медиуми, вчера, објавија дека Масимилијано Алегри постигнал договор со Рома и дека сигурно на крајот од сезоната ќе се пресели во Рим.

Попладнево, шпанскиот весник „Спорт“, излезе со една поинаква информација. Според овој извор, Алегри имал разговори со челниците на Рома, но ништо не потпишал, бидејќи чекал повик од Реал Мадрид.

Како сега стојат работите Зинедин Зидан на крајот од сезоната ќе замине од клубот, а Алегри бил прв фаворит за неговото место кај претседателот Флорентино Перез.

Масимилијано Алегри без работа е веќе 18 месеци, откако Јувентус го донесоа Маурицио Сари. Алегри од 2014 до 2019 година го предводеше Јувентус, со клубот освои 11 трофеи.

Scroll to Top