Top Sport

Баерн ита кон титулата, победи и за Дортмунд и Ајнтрахт

Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа нова победа во Бундеслигата. Од фаворитите во ова коло победија Борусија Дортмунд и Ајнтрахт. Без победник, со резутат 1:1 завршија два натпревари.

Баерн, рутински славеа победа над Хофенхајм 4:1, со што се одмаздија за поразот од овој тим во првиот дел од сезоната. Боатенг и Милер погодија во првиот дел, а Левандвски и Гнабри во вториот. Голот за Хофенхајм го постигна Крамариќ во 45.минута.

Дротмунд имаа негатива против Аугсбург од 10.минута, потоа Халанд промаши пенал, но на крајот „милионерите“ забележаа убедлива победа од 3:1. Дилејни, Санчо и Удокаи со авто-гол беа стрелци за милионерите.

Ајнтрахт со идентични 3.1 ја победија Херта. Стрелец на два гола беше Португалецот Андре Силва.

Без победник 1:1 завршија натпреварите Вердер-шалке и Унион Берлин-Борусија Менхенгладбах.

Scroll to Top