Top Sport

Алегри првпат од 2021 ќе има исти стартни 11 во составот на Јувентус?

Торинскиот спортски весник „Тутоспорт“ тврди дека Масимилијано Алегри ќе „сруши“ необичен рекорд на утрешниот меч против Болоња, поставувајќи исти стартни 11 како на мчот од првото коло, кога ги победија со 3:0 Удинзе.

Ова не би било ништо чудно доколку не се погледне статистиката од вториот престој на клупата на Јуве на Алегри. Од неговото враќање на кормилото во 2021 година, Алегри немаше исти стартни 11 на два меча во низа, што поради кризата со повреди, што поради менувањето на тактиката.

„Тутоспорт“ исто така инсистира дека Алегри оваа сезона ќе игра далеку понапаѓачки фудбал, како против Јувентус, по големиот број на критики од страна на навивачите и новинарите последните две сезони.

Scroll to Top