Top Sport

(Видео) Роналдо и Мане „проработеа“, конечно, победа за Ал-Наср

По неочекуваните два порази на стартот на сезоната, ѕвезденото напаѓачко дуо на саудискиот Ал-Наср, Кристијано Роналдо и Садио Мане „проработија“ за 5:0 победа над Ал-Фатех во лигашки меч.

Инспирираниот Роналдо прво во 27. минута одлично го пронајде Сенегалецот, кој постигна убав гол, за само 11 минути подоцна, Роналдо да го постигне својот прв гол со глава.

Во 55. минута, Роналдо успеа да го постигне и својот втор гол по еден брз контранапад на гостите, за и Мане по вторпат да се запише во листата на стрелците во 81. минута. Конечните 5:0 ги постигна Роналдо со хет-трик во 94. минута од мечот.

Scroll to Top