Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е свесен дека со Кристијано Роналдо во тимот има предност во Лигата на шампионите, но вели дека победата над Атлетико Мадрид нема да дојде само бидејќи Португалецот е во тимот.
Роналдо беше најзвучното засилување во летниот преоден рок откако реши да дојде во Торино од Реал Мадрид, со главна цел да се донесе трофеј од Лигата на шампионите на „старата дама“. 34-годишниот петкратен освојувач на „Балон дор“ има 19 гола во 24 настапи во Серија А и Алегри знае дека со него тимот е посилен пред мечот со Атле на „Ванда метрополитано“ во среда.
„Не се работи за обврска за нас, но Лигата на шампионите е наша цел. Морате да играте и да бидете среќен. Со Роналдо во тимот имаме предност, но целиот тим треба да ги одигра овие важни натпревари. Роналдо е најдобар на светот и со него имате поголеми шанси за победа, но таа не доаѓа автоматски“, вели Алегри.
Италијанскиот стручњак исто така е внимателен за опасноста која ја претставува тимот на Атлетико, кој одигра две финалиња од ЛШ во последните пет години и имаше само пофални зборови за тренерот Диего Симеоне.
„Атлетико се организиран тим со фантастична одбрана. Му честитам на Симеоне, кој завршуваше и завршува фантастична работа“, додава Алегри.
Фото: ЕПА