Top Sport

Алегри сака да го врати Мората во Јувентус

Јувентус сака да го врати Алваро Мората иако италијанскиот клуб не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид. Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, додека Алегри силно го посакува во својот тим.

Директорите на Јувентус имале средба со агентите на Мората, кој исто така сака да се врати во Торино. Атлетико повторно е подготвен да го пушти на позајмица, но сега со клаузула за задолжителен откуп и сума од 30 милиони евра.

Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша девет асистенции за гигантот од Торино.

Scroll to Top