Top Sport

Билет од НБА-дебито на Џордан продаден за речиси 25.000 долари!

Билет од првиот натпревар на Мајкл Џордан во НБА лигата со Чикаго Булс од 1984 година се продаде за неверојатна сума од речиси 25.000 долари, покажувајќи дека популарноста на Џордан само се зголеми со документарниот филм „Последниот танц“.

За аукцијата преку „Хагинс & Скот“ имаше 62 заинтересирани и крајната сума беше 24.907,50 долари. Билетот, кој е еден од само 11 оценети сочувани билети, беше од првиот меч на Булси од сезоната на 26 октомври 1984 година, во меч во кој Џордан имаше 16 поени, 6 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки и 4 блокади за Булси да стигнат до 109:93 победа пред 13.913 фанови. Иронично, ова не е најголемата сума за ваков билет – во август 2018 беше продаден за рекордни 33.600 долари, а минатата година друг билет се продаде 28.800 долари.

Неодамна, еден пар на „Џордан 1“ патики со автограм од НБА легендата беа продадени за 560.000 долари.

Најскап пар „џорданки“ продаден за 560.000 долари!

Scroll to Top