Top Sport

Алегри се „премислува“, Арсенал би го почекале

Арсенал го имаат „пикирано“ Масимилијано Алегри како најпогоден за клупата на „топчиите“, но сега проблем претставува премислувањето на поранешниот тренер на Јувентус и на Милан, кој неодамна призна дека зема лекции по англиски јазик.

Според „Атлетик“, Алегри веќе бил интервјуиран за работата на „Емирати“ во 2018 година, но голем проблем претставувало неговото непознавање на англискиот јазик, но и барањето да донесе 9 членови од тренерскиот тим, по што сопственикот Кренке се решил да го ангажира Унаи Емери.

Сега, Арсенал, кои привремено се под водство на Фреди Љунгберг, би биле подготвени да ги прифатат условите на Алгери, но наводно тој се премислува поради нискиот квалитет на тимот на „топчиите“.

Scroll to Top