Top Sport

Галерија од пристигнувањето на „Златната топка“ – Меси со семејството, воодушеви сопругата на Лева

Вечерва во Париз се доделува најпрестижната награда за најдобар фудбалер во текот на сезоната, и сите очекувања се дека по шести пат „Балон д’ор“ ќе пристигне во рацете на Лионел Меси.

Пред шоуто, Меси пристигна на церемонијата со неговото семејство, но и во друштво на својот соиграч од Барселона, Френки де Јонг.

Најмногу внимание кај папараците пак, предизвика Ана Левандовска, сопругата на голгетерот на Баерн Минхен, Роберт, a единствен кој отсуствува е секако Кристијано Роналдо, по вестите дека нема да биде ниту во топ 3 оваа година.

Scroll to Top