Top Sport

Копа трофејот во рацете на Матијс де Лихт

Младиот фудбалер на Јувентус, Матијс де Лихт е освојувач на „Копа трофејот“, наградата која „Франс фудбал“ ја доделува за најдобар млад фудбалер, победувајќи ги Англичанецот Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) и Португалецот Жоао Феликс (Атлетико Мадрид).

Де Лихт минатата сезона беше капитен на тимот на Ајакс, со кои ја освои двојната холандска круна и ги предводеше до полуфиналето од Лигата на шампионите, пред да направи голем трансфер во Јувентус.

Во „старата дама“, тој имаше спор почеток на кариерата со многу критики за неговата игра, но полека се зацврсти во првиот состав на Маурицио Сари и стана вистински „столб“ на одбраната во отсуство на повредениот капитен Џорџо Кјелини.

Scroll to Top