Top Sport

Алегри: Си одам само доколку добијам отказ

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, нема намера до го напушти клубот, иако неговото име се поврзува со екипите на Челси и Арсенал.

Јувентус, во неделата, математички ја обезбеди титулата во Серија А. Претходно „старата дама“ го освои и Купот на Италија. Алегри, како тренер на Јувентус освоил четири титутли, исто толку трофеи во Купот и еден Суперкуп на Италија.

„Ќе останам во Јувентус. Ова може да се смени само доколку раководството реши да ми врачи отказ. Тоа не е проблем што треба да се реши во иднина, тука се работи за планирање на иднината, бидејќи кога ќе завршиме со прославата ќе треба да седмене на маса со бистри глави. Кога ќе започне наредната сезона, сите стартуваме со нула бодови, а ние мораме да покажеме дека сме подготвени за натпреварувањето“, рекол Алегри по освојувањето на новата титула.

Јувентус, во неделата, одигра 0:0 против Рома во Рим и ја обезбеди седмата последовна титула во Серија А.

Scroll to Top