Top Sport

Српски судија го досуди најсмешниот пенал во историјата (Видео)

Благодарение на социјалните мрежи цел свет му се смее на фудбалскиот судија од Србија, Срѓан Обрадовиќ. Во Србија се зачудени како тој се уште суди во Супер лигата, бидејќи е познат по неверојатните грешки и проценки што ги прави.

Последната кардинална грешка ја направи вчера на натпреварот помеѓу Спартак и Раднички од Ниш, одигран во Суботица. Овој дуел директно решаваше кој тим ќе се пласира во Лига Европа.

Поради важноста на натпреварот, минатата недела, двата тима бараа главен судија да биде Милорад Мажиќ, но откако беше делегран да го суди финалето во Лигата на шампионите, УЕФА му порача да не суди натпревари до 26.мај.

Делегиран за натпреварот беше Обрадовиќ кој успеа уште еднаш да се „прослави“ со своите помошници.

Тој најпрвин, на почетокот на второто полувреме, му го покажа вториот жолт картон на најдобриот играч на Раднички, Павков, потоа досуди пенал за Спартак во 66.минута, а судиската кражба ја комплетира во 79.минута кога досуди уште еден пенал за домаќинот.

Обрадовиќ покажа на белата точка иако топката мина низ нозете на фудбалерот на Раднички.

Двата пенали ги реализира Николиќ, а Спартак победи 2:0.

Обрадовиќ се „прослави“ на најголемото дерби на српскито фудбал, кога го призна голот на Црвена звезда, иако топката „дебело“ беше во гол-аут, а „блескал“ и на овие натпревари.

Scroll to Top