Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека фудбалот губи извонреден фудбалер, еден ден откако играч на неговиот тим Пол Погба по вторпат беше позитивен на допинг тест.
„Од човечка гледна точка, тоа многу ми пречи, бидејќи сум близок со тоа момче. Фудбалот губи извонреден играч кој се разликуваше од другите“, изјави Алегри по натпреварот и победата против Торино од 2-0.
Погба се соочува со суспензија од четири години, бидејќи и анализата на Б примерокот покажа дека е позитивен на „тестостерон“. Францускиот фудбалер беше тестиран по случаен избор по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе во Серија А на 20 август, кој го следеше од клупата за резерви.
Тој бил позитивен на „тестостерон“, хормон кој ја зголемува издржливоста. Бидејќи вториот примерок беше позитивен, Погба може да биде суспендиран на четири години.
Суспензијата би можела да се намали на две години, доколку се утврди дека немало умисла. Погба мора да ја наведе употребата на додатоци во исхраната препишани од американски лекар за да го објасни присуството на метаболити на „тестостерон“.
„Да ги почекаме казните. Ова не растажува сите, се надеваме на најдоброто за него, бидејќи психички не му е лесно“, рече Алегри.