Челниците на Баерн барале замена за Мануел Нојер, кој се во блиска иднина ќе ја заврши кариерата. Ноејер во 2011 година Баварците го донесоа од Шалке, а како што пишуваат германските медиуми и неговиот наследник ќе дојде од овој тим.
Александер Нубел (22) има договор со Шалке до 2022 година, а потоа би можел како слободен играч да се пресели во Минхен. Наводно Баерн веќе имале разговори со менаџерот на голманот.
„Алекс има право да размислува за заминување од клубот. Шалке засега не му понудиле нов договор, иако ние се обидуваме тој да потпише долгорочен договор. Тоа би било добро за Шалке, но од клубот засега молчат“, рекол менаџерот на голманот.