Top Sport

Александар Трајковски го освои Кралскиот куп на Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со тимот на Ал Фејха стигна до голем успех во Саудиска Арабија. Синоќа тие го освоија Кралскиот куп на Саудиска Арабија откако во финалето во Џеда го победија фаворизираниот Ал Хилал на пенали, со 3:1, откако во регуларниот тек, а и по 120 минути, мечот заврши 1:1. Ова е прв трофеј за Ал Фејха воопшто, во клупската историја.

Трајковски беше стартер во тимот на Ал Фајха и играше до 105. минута од натпреварот. При пеналите херој беше беше Владимир Стојковиќ, поранешниот голман на Партизан.

Scroll to Top