Top Sport

Александер-Арнолд не е скромен: Секогаш сум сакал да бидам легенда на Ливерпул

Трент Александер-Арнолд вели дека сака да остане во Ливерпул до крајот на кариерата и дека сака да стане легенда на „црвените“ откако има нова фантастична сезона.

Тој имаше гол и две асистенции при 4:0 победата на Лестер, резултат со кој Ливерпул остана 13 поени пред конкуренцијата во Премиер лигата и на добар пат да ја освои првата лигашка титула по 30 години.

Англичанецот е фудбалер излезен од академијата на клубот и Јирген Клоп му ја даде првата шанса во октомври 2016 година, по што последните две сезони тој се промовираше во стандарден првотимец.

„Секогаш сум сакал да бидам легенда на овој клуб. Да освојувам титули, да играм што е можно повеќе натпревари и да станам капитен. Секако, не можам да станам легенда доколку играм на друго место и затоа се фокусирам да бидам во првиот состав“, вели Александер-Арнолд во интервју за шведскиот весник „Спортбладет“.

Scroll to Top