Top Sport

Алексис Санчез се „разбуди“, Чиле лесно против Јапонија (видео)

Стартот на походот по трета титула во низа од Копа Америка за Чиле започна совршено, откако со 4:0 ја победија Јапонија во Сао Пауло.

Едуардо Варгас постигна два гола во второто полувреме, а стрелци беа и Ерик Пулгар, како и „заборавениот“ Алексис Санчез за убедлива победа на актуелните шампиони. Јапонците, кои се гости на турнирот, пристигнаа со млад тим во Бразил, имаа шанси, но на крајот доживеаја тежок пораз. Чиле сега има три поени, исто колку и Уругвај, кои вчера со идентични 4:0 го совладаа Еквадор.

Јапонците имаа подобар старт, предводени од Такефуса Кубо, кој минатата недела потпиша со Реал Мадрид, а Чиле врати преку две убави шанси на Санчез по половина час игра. Пулгар им донесе водство на „Ла роха“ во 41. минута од мечот, пред по девет минути во второто полувреме, Варгас да го зголеми водството.

Кога Јапонците не ги искористија своите шанси да се вратат во игра, во финишот Чиле ги казни со головите на Санчез и Варгас.

Scroll to Top