Top Sport

Алексис Санчез со два гола, Марсеј го доби дербито со Ница

Алексис Санчез веднаш стави „печат“ во играта на Олимпик Марсеј, откако постигна два гола при убедливата 0:3 победа над јужњачкиот ривал Ница во четвртото коло на француската Лига 1.

Тимот на Игор Тудор работата ја заврши во првото полувреме. Санчез стрелаше во 10. минута, за Нуно Тавареш да зголеми на 0:2 во 37. минута, за пет минути подоцна Санчез да го комплетира триумфот.

Со победата, Олимпик, барем привремено, се на првото место во Лига 1 со 3 победи и 1 реми во првите четири кола, додека Ница уште нема победа и има само 2 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top